Home » Spotify ја надмина границата од над 600 милиони активни корисници

Spotify ја надмина границата од над 600 милиони активни корисници

by Журнал
Spotify го објави својот квартален извештај, а бројките што ги содржи изгледаат ветувачки.

Во изминатите три месеци, стриминг платформа Spotify забележа зголемување на бројот на месечни активни корисници за 28 милиони, со што ги надмина очекувањата и ја проби границата од 600 милиони корисници. Тоа е и нов рекорд за шведската компанија.

Приходите во 2023 година изнесуваат 3,7 милијарди евра, што е за 16 отсто повеќе од 2022 година. Оперативните приходи паднаа „во црвено“ поради загуба од 75 милиони евра, но компанијата се пофали дека приходите од реклами достигнале рекордни 501 милион евра.

Вкупниот број од 602 милиони корисници вклучува 236 милиони претплатници на Premium, а останатите се дел од бесплатната услуга која доаѓа со реклами и нема функции како „no shuffle“ и можност за преземање музика за офлајн слушање. Бројот на претплатници се зголеми од 205 милиони во четвртиот квартал од 2022 година за 15 проценти.

Финансискиот извештај открива дека Spotify одржува раст од година во година во сите региони, додека Јужна Америка испорача одлични резултати.

Внатрешните податоци покажаа дека 225 милиони корисници се определиле за Spotify Wrapped, кампањата на крајот на годината која обезбедува персонализирано резиме на навиките за слушање на секој корисник.

Очекувањата за првиот квартал од 2024 година вклучуваат зголемување на корисничката база на 618 милиони корисници, додека бројот на оние кои плаќаат за услугата треба да се зголеми за три милиони.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More