Home » Спортска арена во Париз ќе го носи името на маратонката Чептеги

Спортска арена во Париз ќе го носи името на маратонката Чептеги

by Lina Muslija

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, најави дека еден од спортските објекти во француската престолнина ќе го носи името на починатата маратонка од Уганда, Ребека Чептеги, која им подлегна на повредите откако партнерот ја поли со бензин и ја запали.

„Таа нè маѓепса овде во Париз. Ја видовме нејзината сила, убавина, слобода и сè што беше неподносливо за личноста која ја уби“, рече Идалго.

Чептеги почина во четвртокот во болница во Кенија.

Според полицискиот извештај, осомничениот идентификуван како Диксон Ндиема Марангач влегол на имотот на Ребека Чептеги додека таа била во црква со своите деца.

Кога се вратиле од црквата ја полеал со бензин и ја запалил пред очите на децата, две девојчиња на возраст од 9 и 11 години.

„Париз нема да ја заборави, ќе ѝ посветиме спортска арена за нејзиниот спомен и нејзината приказна да остане меѓу нас“, најави Идалго.

Чептеги маратонската трка во Париз ја заврши на 44 место.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk