Home » Спорен момент во Скопје: Требаше ли да важи голот за Силекс? (ВИДЕО)

Спорен момент во Скопје: Требаше ли да важи голот за Силекс? (ВИДЕО)

by Lina Muslija

Фудбалерите на Силекс славеа во последниот меч од седмото коло на ПМФЛ, на гостински терен на Арената „Тодор Проески“ против Вардар со 0-1. Голот вреден победа падна во судиското продолжение, а херој на кратовчани беше Дарко Додев.

Сепак, тоа е погодок кој ќе крене нови полемики во мак-фудбалот. Одново на натпревар на Вардар дојде до драма поради офсајд или гол, а овојпат одлуката беше на штета на најтрофејниот македонски клуб. По една ситуација Јашароски сакаше да уфрли до Додев кој беше во недозволена позиција. Сепак, пасот беше лош, го погоди Мишковски и Ѓуриќ требаше да ја исфрли топката. Шутнатата топка заврши во грбот на Ќосиќ и се одби до Додев кој излета сам пред голот, па го матира Гачевски.

Првичната одлука на помошникот Ѓорѓиев беше да го крене знаменцето, а Пилешков го послуша. Потоа судиите имаа дискусија, си ја објаснија ситуацијата, па главниот арбитар ја смени одлуката и покажа на центарот.

Оваа ситуација предизвика дилеми на гледалиштето и меѓу фудбалерите, негодуваа вардаровите играчи, ама на крајот мораа да го прифатат поразот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk