Home » Спиро Ристовски неосновано бил држен во притвор за 27 април, пресуди судот во Стразбур

Спиро Ристовски неосновано бил држен во притвор за 27 април, пресуди судот во Стразбур

by Журнал

Европскиот суд за човекови права пресуди дека ексминистерот Спиро Ристовски, обвинет во предметот „Организатори на 27 април“, бил неосновано држен во притвор.

Со тоа државата ќе мора на Ристовски да му плати отштета од 750 евра и 1.500 евра судски трошоци.

Европскиот суд во пресудата вели дека немало конкретен доказ дека Ристовски може да побегне.

„Судовите не покажаа постоење на ниту еден конкретен факт во прилог на нивните заклучоци дека постоел ризик од бегство“, стои во пресудата на ЕСЧП.

Се наведува дека од 30 јули 2019 година до 21 август 2020 година на Спиро Ристовски 14 пати му бил продолжен куќниот притвор поради ризикот од негово бегство.

Покрај Ристовски, пресуда за неоправдано продолжување на притворот има и за Митко Пешов, раководителот на одделот за посебни единици во полицијата, кој беше осуден со казна затвор од 15 години за настаните на 27 април.

Спиро Ристовски беше и физички нападнат додека беше притворен. Како што медиумите јавија во 2019 година, Ристовски заедно со ексминистерот Миле Јанакиески беа нападнати од притвореник во дворот на затворот, за време на редовната прошетка од еден час што ја имаат притворените лица.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More