Актерката Софија Лорен пред пет дена го прослави својот 90-ти роденден. На социјалните мрежи кружат видеа од прославата која била спектакуларна.
Додека гостите ракоплескаа, актерката седеше и гледаше воодушевено кога пристигна раскошната торта на повеќе нивоа.
За оваа пригода актерката избра дводелен бел костим со сребрени детали.
Нејзиниот син, диригентот Карло Понти, сподели фотографии од прославата, а многумина беа изненадени од тоа како изгледа Софија.
– На мојата прекрасна, неверојатна, ѕвездена мајка и посакувам одличен 90-ти роденден! Ти си наша мама и засекогаш ќе бидеш инспирација и извор на радост за сите нас – напиша Карло во објава на Инстаграм.