Home » Спасувачка акција на Водно, планинар скршил нога

Спасувачка акција на Водно, планинар скршил нога

by Журнал

По известување на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, за повредено лице – со скршена нога на патека на Водно, Секторот за операции и координација со Регионалниот ЦУК Скопје веднаш ги контактираше институциите што би помогнале, освен Црвениот Крст, бидејќи нивната спасителна служба е дежурна само за време на викендите кога фрекфенцијата на планинските патеки на Водно е поголема.

„Покрај два припадника од МВР, медицинскиот тим од скопската Итна медицинска помош многу пожтвувано, заради планската оддалечена од пат локација на повредениот, пешки стигнале до местото на настанот со голема внимателност по замрзнатата патека, што се повеќе замрзнувала како што одминувал денот и се намалувале температурите. На лице место, со помош на полицајците од ПС „Карпош“ му дале прва помош и го згрижиле повредениот, согласно повредата, за да може на раце да се носи со носилка до возилото на итната медицинска помош, а потоа со возилото да се транспортира до медицинска установа, болница. Притоа тие и го загреале, бидејќи било се постудено“, извести ЦУК.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More