Home » Спасовски: СДСМ ќе биде силен и достоинствен, како што доликува на државотворна партија и движечка сила на општеството – ние сме тие кои ја одржуваат идејата за безбедна, слободна и европска Македонија!

Спасовски: СДСМ ќе биде силен и достоинствен, како што доликува на државотворна партија и движечка сила на општеството – ние сме тие кои ја одржуваат идејата за безбедна, слободна и европска Македонија!

by Журнал.мк

Благодарам од срце до сите граѓани за поддршката, за време на изборите, но и во изминативе 7 години.

Направивме многу како Социјалдемократски Сојуз на Македонија, за што искрено се заблагодарувам до секој еден член и симпатизер, за вложеноста и искрениот пристап. Како и секогаш јас се обврзувам на отвореност и достапност за секој еден другар, сопартиец, сограѓанин, заедно сме во оваа борба!

Ја почитуваме волјата на народот како израз на демократските процеси. Нашата ангажираност за унапредување на општеството и обезбедување на посакуваните промени останува непоколеблива, продолжуваме да работиме кон тие цели.

Како ваш претставник во македонското Собрание ќе се борам жестоко за Македонија да остане на вистинскиот пат и да не потклекнеме пред политики на режим. Членството во НАТО и позиционирањето на патот кон ЕУ се највисоките дострели на нашата држава кои овозможуваат подобар живот за сите.

СДСМ ќе биде силен и достоинствен, како што доликува на државотворна партија и движечка сила на општеството – ние сме тие кои ја одржуваат идејата за безбедна, слободна и европска Македонија!

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More