Home » Спасовски: Нека е честит и вековит 11 Ноември – Денот на ослободување на Куманово

Спасовски: Нека е честит и вековит 11 Ноември – Денот на ослободување на Куманово

by Журнал.мк

Почитувани сограѓани од мое Куманово, Нека е честит и вековит 11 Ноември – Денот на ослободување на Куманово и 79 години град на непокорот, објави министерот за внатрепни работи, Оливер Спасовски, кој денеска учествуваше на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Куманово.

„Нашите предци, над 2000 борци за слобода од кумановскиот регион, од Козјачкиот и Карадачкиот одред, со вековен стремеж за своја слободна и независна држава го ослободија Куманово, победувајќи го фашистичкиот окупатор. Над 500 херои го положија својот живот на браникот на татковината, против угнетувањето, поделбите и омразата. Тогаш, со општонародна веселба кумановци на кумановската Тумба со радост ја дочекаа слободата.

Куманово, како град првоборец даде осум народни херои: Киро Фетак, Перо Чичо, Боро Менков, Бајрам Шабани, Боро Петрушевски Папучар, Христијан Тодоровски Карпош и Трајко Стојковски -Бузо.

По ослободувањето, Куманово забрзано започнува да ја испишува историјата на растежот, развивајќи се во значаен стопански, културен и спортски центар на Балканот. Денеска, Куманово расте како заеднички плод на обединети граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и сите оние кои придонесуваат за нашиот соживот. Само така, заедно, продолжуваме да го развиваме Куманово во мултиетнички центар – Европа во мало.

Пренесувајќи ја слободната мисла кон идните генерации, ја штитиме традицијата на градот, ги почитуваме сите оние кои се изборија да го имаме слободно Куманово и сте оние кои го чуваа Куманово сите овие години. Со гордост да им го оставиме во аманет на нашите деца и внуци за да имаат и тие со што да се гордеат – со придобивките на слободата и слободоумниот дух на еден народ кои го осигураа мирот и прогресот на слободно, модерно и европско Куманово. И денес сме рамо до рамо во НАТО и со државите членки на ЕУ, во одбраната на мирот. Наша обврска е да останеме на европскиот пат и да ги обезбедиме европските перспективи за младите генерации тука дома, во Македонија, вреднувајќи сè што е постигнато со македонскиот непокор до денес.

Во свое и во име на МВР, оттука пред Спомен костурницата во Куманово, оддавам најдлабока почит кон нашите борци, хероите кои ги ослободија градот Куманово и македонската држава!

Да живее слободарско Куманово!

Да живее Република Северна Македонија!“, напиша на социјалните медиуми министерот за внатрепни работи Оливер Спасовски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More