Home » Спасени четворица заложници од Газа киднапирани од музичкиот фестивал на 7 октомври

Спасени четворица заложници од Газа киднапирани од музичкиот фестивал на 7 октомври

by Журнал.мк

Четворица заложници киднапирани од музичкиот фестивал Нова на 7 октомври се спасени од израелската војска, додека болниците во Газа известуваат за голем број загинати во израелските напади.

Како што пренесува Би-би-си, ослободените се Ноа Аргамани (26), Алмог Меир Јан (22), Андреј Козлов (27) и Шломи Жив (41).
Израел вели дека спасувањето било спроведено среде бел ден, под силен оган, во две одделни згради во Нусејрат, централна Газа.

Многу луѓе, меѓу кои и деца, се убиени и повредени во областа каде што се одвивала операцијата. Хамас тврди дека повеќе од 200 Палестинци загинале, но бројките не се од медицински извори.

Веста за спасувањето беше објавена со гласен звучник на израелските плажи и се прославуваше на улиците на Тел Авив.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More