Home » Спасен планинар од Скопје кој залутал на Кожув

Спасен планинар од Скопје кој залутал на Кожув

by Журнал.мк

Денeска, во 13.15 часот, на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, е добиена пријава за залутано лице на планината Кожув, во близина на местото Мрежичко. Лицето било планинар од Скопје, кој претходната ноќ ја преспал во планината, но поради лошите временски услови и наросувањето од снег, загубил ориентација и решил да побара помош од службите.

Од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК), беа известени СВР Велес, ОВР Кавадарци, Гранична Полиција „ЈУГ“ Итна Служба, како и Општина Кавадарци и градоначалникот на Кавадарци, г-дин Митко Јанчев.

Во 14.00 часот, лице од општината во Кавадарци кое го познавало теренот, стапило во контакт со залутаното лице и по кратко време го пронашол и со теренско возило го однел до безбедна куќарка во близината каде што бил згрижен, Потоа од страна на граничната полиција “ЈУГ“ лицето е транспортирано до градот.

Оваа брза и координирана интервенција резултираше со успешно пронаоѓање на лицето, благодарение на тимскиот пристап и професионалноста на службите во Системот за управување со кризи (СУК). Особен придонес, со личниот ангажман и вклученост во потрагата, даде градоначалникот на Општина Кавадарци, г-дин Митко Јанчев, како и со ангажирање на локални ресурси и ефикасна координација меѓу институциите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk