Италија се прикажа во едно поинакво светло на „Паркот на принцовите“ и успеа да се опорави од почетниот шок во 13-та секунда, бидејќи на крајот направи пресврт и успеа да победи против „триколорите“.
Лучано Спалети може да биде далеку позадоволен од изданието на неговиот тим во споредба со ужасната претстава на Европското првенство, но според италијанскиот селектор, голема заслуга за тоа има повратникот во националниот тим.
Сандро Тонали се врати во репрезентацијата по 10-месечната суспензија поради обложување, а неговото присуство на теренот донесе далеку подобар распоред во италијанскиот тим, но и подобра организација во средината.
– Перформасите на Тонали беа извонредни. Се плашевме дали има 90 минути во своите нозе, но во псоледните пет минути спринташе по крило и одеше осамен кон голот.
– Навистина сме импресионирани, повторно откривме фантастичен играч за нашиот тим, – изјави Спалети по победата од 1:3.