Лучијано Спалети сосема неочекувано реши да си замине Наполи после сезоната во која беше освоена историската титула во Серија А, искуство по кое искусниот фудбалски стручњак посочи дека е целосно емотивно исцрпен за да продолжи да се натпреварува на клупско ниво.
Спалети си замина како великан од Неапол и неколку месеци после тоа стана италијански селектор, па иако имаше и такви кои му замеруваа за враќањето на фудбалската сцена, Лучијано сега вели дека неговата одлука се однесувала за клупски план.
Во последното интервју кое го направи за „Che Tempo Che Fa“, Спалети отворено говори колку бил посветен на работата во Наполи, а посочи дека тоа ќе биде последниот клуб кој го водел во тренерската кариера.
– Си купив и креветче за спиење за да можам да преспивам во тренинг центарот на Наполи. Јас престојував во Кастел Волтруно, а тоа не е баш блиску од Неапол. Јас целото свое време му го посветував на Наполи, немав време да чекам редици од автомобили.
– Се сеќавам дека го закачив дресот од Марадона во тренинг центарот, знаев дека тој не гледа одозгора. Тој ни ја даде потребната сила, особено кога не можев да пронајдам решенија во соблекувалната. Наполи е моето последно искуство на клупски план, не можам да го водам било кој друг клуб во Италија. После такво опкружување на кое навикнав, тешко е да му се спротивставам на Наполи како ривал, – вели Спалети.