17.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

SpaceX полета во вселената со првиот целосно цивилен екипаж

Најчитани вести

Ракетата SpaceX полета во средата од Флорида со првиот целосно цивилен екипаж кој некогаш бил лансиран на лет кон орбитата на Земјата.

Летот на SpaceX од вселенскиот центар Кенеди на Кејп Канавера го изнајми американскиот милијардер Џаред Ајзакман, 38-годишниот основач и извршен директор на компанијата за финансиски услуги Shift4 Payment, исто така искусен пилот.

Покрај Ајзакман, на бродот има уште три лица, а овој квартет аматери патници во вселената се подготвуваше за летот со месеци.

Се очекува, летот кој е со екипаж без професионални астронаути, се очекува да трае околу три дена од лансирањето до враќањето на Атлантикот, соопштија претставници на мисијата.

Ова е дебитантски лет на новиот орбитален туристички бизнис на сопственикот на SpaceX, Илон Маск, и чекор понапред од конкурентите кои исто така понудија возење со ракетни бродови на клиенти кои се подготвени да платат мало богатство за возбудата на летот во вселената.

Официјално не е објавено колку Ајзакман му платил на Маск за овој лет во вселената, но списанието „Тајм“ ја процени цената на билетот за сите четири места на 200 милиони долари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com