16 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

SpaceX лансираше најголем број сателити во една мисија – дури 143

Најчитани вести

Ракетата Falcon 9 на SpaceX полета вчера во вселената, носејќи досега најголем број сателити, соопшти приватната компанија.

Ракетата беше лансирана од Кејп Канаверал, Флорида во 10 часот наутро (16 часот по средноевропско време), 24 часа подоцна од првично планираното, поради лошите временски услови.

Енди Тран, водачот на SpaceX, во видеото што го следеше лансирањето изјави дека Falcon 9 превезува 133 комерцијални и владини сателити и 10 сателити на SpaceX.

„Ова е досега најголемиот број „сателити“ кои се „превезуваат во една мисија“, додаде тој.

SpaceX го испраќа Falcon 9 како дел од програмата позната како „rideshare“, според која помалите компании и плаќаат на компанијата на Елон Маск за лансирање на нивната технологија во вселената.

SpaceX во низа објави на Twitter соопшти дека поставил 143 сателити.

Компанијата што ја основаше Елон Маск, сака да постави во орбитата илјадници помали сателити кои ќе формираат Starlink мрежа, која ќе овозможи пристап до брз интернет од вселената.

Некои научници изразија загриженост за големиот број сателити кои кружат околу Земјата. SpaceX тврди дека тие се дизајнирани по неколку години да изгорат во атмосферата .

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести