17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

SpaceX: Вселенскиот интернет на Starlink надмина 10.000 корисници

Најчитани вести

И покрај големиот развој на технологијата, класичниот интернет и натаму не е достапен во многу рурални делови на светот. Токму поради ова, пазарот за сателитски интернет, односно „интернет од вселената“ станува сè поинтересен.

Компанијата на Елон Маск, SpaceX моментно е лидер на пазарот, бидејќи нивните Starlink сателити веќе некое време се во вселената и обезбедуваат интернет услуги на места, каде што тоа е речиси невозможно на било кој друг начин.

Од Starlink се пофалија дека бројот на луѓе кои го користат нивниот интернет ја надминал бројката од 10.000, при што реакциите на корисниците се позитивни, односно прилично се задоволни од брзината на интернетот. Ако се прашувате која е брзината, во прашање е 100/20 Mbps.

Вчера во вселената беа испратени уште 60 сателити, а во моментов, вкупно, повеќе од 1.000. Првично беше планирано да биде околу 12.000, но сега апетитите се зголемија, па Маск неодамна изјави дека Starlink планира да испрати дури 40.000 сателити во вселената.

SpaceX сè уште нема амбиции да им биде конкуренција на компаниите кои ги пружаат услугите на класичниот интернет, па се фокусирани пред се на овозможување пристап до интернет во оние области каде што нема друга инфраструктура.

Се разбира, сè има своја цена. Оние кои сакаат да имаат Starlink интернет, мора да платат 500 долари еднократно за рутерот и терминалот, а потоа и месечна претплата од 99 долари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести