Home » Создаваме идни лидери подготвени да придонесат за позитивни општествени промени

Создаваме идни лидери подготвени да придонесат за позитивни општествени промени

by Lina Muslija

Во рамките на проектот на „Еразмус+“, „Демократско патување за идни моќни лидери“, училиштето за стручно образование, СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје во периодот од 4 до 8 мај беше горд домаќин на партнер-училиштата од Латвија и од Белгија. Целта на проектот е да се едуцираат и да се инспирираат младите за демократските процеси, лидерството и активното граѓанство, со што ќе се создадат идни лидери подготвени да придонесат за позитивни општествени промени.
– Програмата беше исполнета со активности што ја продлабочија свесноста за демократските вредности и ангажманот кај младите. Целта на посетата е размена на искуства, споделување добри практики, како и заедничко истражување на концептот на демократија преку различни активности, работилници и посети на институции. Посетата започна со запознавање на учесниците меѓу себе, вклучувајќи активности каде што учениците презентираа различни видови на демократија и што претставува тоа за нив. Во текот на деновите што следуваа имавме симболична посета на Парламентот на Република Македонија, каде што претставници од секоја земја-партнер одржаа говор од 5 минути на темата „Демократија и младинско учество“ – велат професорките од „Васил Антевски-Дрен“, Ива Стојановска Јакимовски, координаторка на проектот од македонска страна, и Николина Киркова, помошничка на проектот.

Посета на кањон Матка

Инспиративно предавање за концептите на граѓанска одговорност и слободи

Исто така учесниците имаа инспиративно предавање од страна на претставници на невладината организација „Балканска мрежа за развој на граѓанското општество“ во соработка со „Млади хуб“, посветена на заштитата на граѓанските права, кои ги воведоа учениците во концептите на активизам, граѓанска одговорност и слободи.
– Понатаму, младите работеа на предизвици со кои се соочуваат нивните врсници и изработија акциски планови за нивно надминување, развивајќи критичко размислување и креативни решенија за позитивна промена во заедницата. Учениците и наставниците активно учествуваа во дебати, симулации и креативни презентации, градејќи пријателства и продлабочувајќи го своето разбирање за демократските вредности. Оваа средба претставува уште еден важен чекор во заедничкото европско патување кон поинклузивно и одговорно општество – додаваат Стојановска Јакимовски и Киркова.
Преку проектот ќе се развива демократската култура кај младите преку запознавање со основните принципи на демократијата, владеењето на правото и човековите права, како и поттикнување на критичкото размислување и дебата за општествени прашања.

Учениците пред Собранието

Студентите дизајнираа предизвици на темата „Демократија“

– Додека го развивавме концептот за нашиот проект, за нас беше од суштинско значење да ги надминеме идеите и да се фокусираме на создавање вистинско влијание преку конкретни акции. Па така, во текот на целата недела, студентите дизајнираа предизвици, споделуваа практични совети и правеа видеа на темата „Демократија“. Сметаме дека вложените напори ќе ги инспирираат сите млади луѓе да ги направат своите први чекори кон активен граѓански ангажман. Навистина сме благодарни за топлото добредојде што го добивме во Скопје. Беше задоволство да се доживеат вашата прекрасна земја и нејзината богата култура и да се соработува со сите учесници во текот на проектот – ни изјавија учесниците од Латвија.
Со спроведувањето на проектот „Демократско патување за идни моќни лидери“ се очекува да се постигнат конкретни резултати, кои ќе придонесат за развојот на младите како активни и одговорни граѓани.
– Како белгиски наставници, ние сме неверојатно горди на нашите момчиња и девојчиња што учествуваа во проектот на „Еразмус+“ во Скопје. Во текот на целата недела тие покажаа ангажираност во дискусиите за демократијата и младинското лидерство. Беше толку инспиративно да се види како соработуваат со учесниците од Латвија и земјата домаќин Македонија, зголемувајќи им ги самодовербата и критичкото размислување, додека ги подобруваат своите англиски и социјални вештини. Ова искуство не само што ги збогатува нив како луѓе туку и ни дава надеж на сите нас за иднината на Европа – велат учесниците од Белгија. С.Ј.

Преку проектот ќе се развива демократската култура кај младите

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk