Home » Советот на Општина Велес на вонредна седница го усвои времениот режим со кој се регулира сообраќајот на тешките возила

Советот на Општина Велес на вонредна седница го усвои времениот режим со кој се регулира сообраќајот на тешките возила

by Журнал.мк

Едногласно со 22 гласа „за“, Советот на Општина Велес на вонредна седница го
усвои времениот режим со кој се регулира сообраќајот на тешките возила, камиони со
носивост над 7 тони, кои треба да минуваат низ центарот на градот. Оваа одлука следи откако
Државниот инспекторат за сообраќај го затвори мостот на Вардар кај Башино Село, поради
небезбедност.

Поради тоа имаше итна потреба од пренасочување на сообраќајот за тешките камиони низ центарот на Велес. Дозволено ќе биде движење во периодот до 22 до 6 часот. Прифатено беше барањето на стопанствениците од Велес за т. н. прозори, кога и преку ден ќе може да влезат и излезат од градот.

„Во терминот од 9 ќе има по 30 минути за влез во градот и во 18 часот за излез од Велес
на камионите, со полициска придружба. ЈП за државни патишата (ЈПДП), во втората половина лани, врз основа на редовна контрола на неколку мостови кои се во лоша состојба, го ангажира Градежен факултет за испитување. Стручните лица од Градежен факултет на 2 јануари по извршените контроли, испраќаат документ стручно мислење до ЈПДП, со кое се бара забрана за секаков вид на сообраќај, на лесни и тешки возила. Со одлуката за времен сообраќај која ја носиме, се засегнати многу жители на градот и многу компании. Тој е единствено можно решение во овој момент“, кажа градоначалникот Марко Колев.

Тој најaви дека долгорочно решение е изградба на нов мост, 50 метри подолу од постојниот. Во
ЈПДП во тек е јавен повик за избор на идејно решение и биде успешен, ќе се
распише јавен повик за избор на градежна фирма. Лани во април, тогашниот министер
Благоја Бочварски кажа дека имале два обиди за повик за избор на идејно решение за нов
мост, но на нив немало пријави.

„Времениот сообраќаен режим предвидува влез и излез на тешките камиони по регионалниот пат од и за Градско. Улиците во центарот Страшо Пинџур и Гоце Делчев стануваат еднонасочни на тешките камиони за влез во Велес. Улицата Алексо Демниевски-Бауман од Пошта до семафорите станува двонасочна и по неа ќе се движат тешките возила во двата правци, бидејќи улицата Благој Ѓорев нема да се користи за нивно движење. Од улицата 8 Септември се отстрануваат паркираните возила, за да има можност камионите да се разминуваат. Камионите за излез ќе се движат од зградата на Пошта кон кружниот тек на С’рмаале по еднонасочниот дел кај пешачката зона кон кружниот тек кај Коњаникот“, рече Славче Велков, сообраќаен инжинер во Општина Велес.

За санација на мостот, Градежен факултет имал изготвено техничко решение. Според објаснувањето на градоначалникот Колев, тоа ќе се реализира по брза постапка, а во вакви случаи Законот тоа го дозволува поради стратешки важни и за неодложни состојби. Нема да има јавен повик туку ЈПДП има можност да покани неколку фирми, кои ќе понудат услови и за седум дена да се избере изведувачот, кој ќе ја врши реконструкцијата. Во рок од 60 до 90 дена, се планира да се завршат градежните зафати.

Се предвидува отстранување на стариот асфалт, да се зајакне арматурата, поставување нов бетон и асфалт и интервенции под мостот, зајакнување на носачите кои се во реката. Одлуката за новиот времен сообраќај излезе во општинскиот гласник и таа е веќе со важност.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk