На денешното гласање во Советот на општина Кочани, независниот советник Венко Крстевски го доби потребното мнозинство и е нов в.д. градоначалник на градот, по оставката на градоначалникот Љупчо Папазов. Тој е избран за извршување на функцијата до следните локални избори во октомври.
Советникот Крстевски доби 9 гласови „ЗА“, а еден беше „воздржан“ за негово назначување, додека неговиот противкандидат Гоце Марков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ доби 8 гласови „за“ и еден „воздржан“.
Крстевски порача дека фокусот ќе биде ставен на младите и ги повика сите млади да дојдат со идеи во Кабинетот на градоначалникот.