По двете вонредни седници, советниците во Град Скопје донесоа одлука за исплата на субвенциите за да може вработените во ЈСП да земат плата и да се нормализира јавниот градски превоз. Синдикалците, кои целиот ден го поминаа пред просториите на Град Скопје одлучија автобусите да се вратат на улиците.
Одлуката беше донесена на втората вонредна седница, откако на првата, за само еден глас не помина предлогот на ЈСП да му се дадат субвенции од 11 милиони евра. На маса беше и амандман, да се префрлат само дел од средствата, што наиде на жестока реакција дека со тоа ЈСП повторно ќе се заглави поради изборите. Од друга страна, советниците од ВМРО-ДПМНЕ побараа отчет за работењето на ЈСП, обвинувајќи за неефикасност во менаџирањето со претпријатието.
Јавниот градски превоз застана во 9 часот, а многу луѓе останаа со часови на постојките.
По одлуката за исплата на субвенции, градскиот јавен превоз се нормализираше.