Home » Советот на Град Скопје даде зелено светло за 120 нови вработувања во „Комунална хигиена“

Советот на Град Скопје даде зелено светло за 120 нови вработувања во „Комунална хигиена“

by Журнал.мк

Советниците во советот на Град Скопје вчера дадоа зелено светло за нови 120 вработувања во „Комунална хигиена“. Како што кажаа и од власта и од опозицијата сега се очекува од градоначалничлката Арсовска да ја подобри хигиената во главниот град.

Со одобрување на програмата се предвидува вработување на 120 хонорарни работници до крајов на годинава. Тие ќе имаат цел да го решат проблемот со ѓубрето во градот и да ги исчистат дивите депонии.

Повторно не помина Предлогот за брз автобуски транспорт и набавка на еколошки автобуси. Останува неизвесно како скопјани од септември кога почнува и новата учебна година, ќе се превезуваат во градот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More