Home » Советот на ЕУ ги усогласи насоките за „реален и разумен“ буџет на ЕУ за 2026 година

Советот на ЕУ ги усогласи насоките за „реален и разумен“ буџет на ЕУ за 2026 година

by Журнал.мк

Земјите членки на ЕУ ги усогласија своите ставови околу буџетот на Европската Унија за 2026 година, кој, според нив, ќе има клучна улога во развојот и реализацијата на долгорочните цели и политичките приоритети на блокот.

Усогласените ставови во рамки на Советот за економски и финансиски работи на ЕУ треба да и дадат политички насоки на Еврокомисијата во подготовката на Предлог-буџетот на ЕУ за следната година..

– Советот одново потврдува дека ЕУ останува посветена на обезбедувањето континуирана финансиска поддршка за Украина, онолку долго и онолку интензивно колку што е потребно, како и поддршка на нејзината отпорност и долгорочна обнова. Советот ја нагласува важноста буџетот за 2026 година да продолжи да ја манифестира солидарноста на Унијата со народот на Украина и да одговори на постоечките кризи, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ.

Советот оценува дека буџетот за 2026 година треба да биде во согласност со реалните потреби, да обезбеди разумно финансирање и да овозможи доволно средства за справување со евентуалните непредвидени околности и со предизвиците на Унијата.

– Во исто време, буџетот за 2026 година треба да обезбеди доволно ресурси за да се овозможи спроведување на програмите на Унијата, вклучувајќи ја и Регионалната итна поддршка за обнова (РЕСТОРЕ), се додава во соопштението.

Во заклучоците на Советот се нагласува и дека Комисијата при изработка на предлог-буџетот за 2026 година мора да води сметка за приоритетите утврдени со ревизијата на Повеќегодишната финансиска рамка за периодот 2021-2027 година, вклучително и за прашањата поврзани со миграцијата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk