Мајк Волц ја напушти позицијата советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, јавија Ројтерс и ЦБС.
Волц е првиот висок функционер што ја напушта администрацијата во вториот мандат на Трамп. Заминува и неговиот заменик Алекс Вонг.
Волц беше под притисок откако случајно додаде новинар во тесниот круг функционери и офицери дискутирале планови за воен удар врз Јемен.
Трамп се обиде да ја смири вревата за скандалот, истакнувајќи дека на Сигнал не биле споделени доверливи материјали.
Како можни наследници на позицијата на Волц се спомнуваат Стив Виткоф, кој е специјален пратеник за Блискиот Исток и преговарач за крај на војната во Украина, како и Рик Гренел, поранешен амбасадор во Германија а потоа директор за национално разузнавање.
Советникот Мајк Волц заминува од Белата куќа
40
previous post