Сè повеќе сме свесни за разорните ефекти на прехранбената индустрија врз планетата, првенствено поради производството на месо, а многумина токму поради оваа причина се префрлаат на вегетаријански или вегански начин на исхрана. Во ред е ако не може да се замислите себеси како вегетаријанец. Сепак, потребно е да знаете дека дури и само да ја намалите потрошувачката на месо и млечни производи ќе придонесете во борбата против климатските промени. Во продолжение прочитајте ги нашите совети за исхрана со помалку месо и млеко.
1. Направете го вашето омилено јадење во вегетаријанска/веганска верзија
Обожавате пица? Следниот пат наместо кулен или шунка, ставете маслинки, пиперки, кромид и сусам врз тестото. Не можете да им одолеете на болоњезе шпагетите? Наместо месо, ставете печурки. Дури и кари сосот може да биде вкусен без пилешко – заменете го со пченка и грашок.
2. Купете готвач со вегетаријански/вегански рецепти
Најверојатно за кратко време ќе го заборавите рецептот за деликатесот на Џејми Оливер со шитаке печурки кој само што го гледавте на 24Kitchen, но доколку имате готвач со вегетаријански рецепти, нема за што да се грижите.
3. Еден ден од неделата нека ви биде резервиран за вегетаријански/вегански рецепти
Еден од најдобрите начини да започнете нова исхрана со помалку месо е да посветите барем еден ден од неделата на вегетаријанска/веганска исхрана. Дури и ако го игнорирате позитивниот ефект на овој потфат врз животната средина, набрзо ќе увидите дека тој ќе биде корисен за вашето здравје. Поздравите оброци водат кон намален ризик од рак и срцеви заболувања.
4. Бидете вегетаријанец/веган пред или после 18:00 часот
Еве ви уште еден предизвик! Појадокот е најверојатно најлесниот оброк за подготовка без месо, доволни ви се неколку парчиња леб, салата, овесни снегулки, јајца со пиперки (ако не сте веган), тост од авокадо, палачинки со овошје… Се верува дека ако го започнете денот како вегетаријанец или веган, полесно ќе ви биде да продолжите да јадете на истиот начин. За крај, за сите оние кои се љубители на месо следува вечера која може да содржи сè од кулен до шунка. Се разбира, од вас зависи како ќе го ротирате распоредот за оброци.
5. Побарајте совети од некој кој е веќе вегетаријанец/веган
Доколку некој од вашите пријатели е вегетаријанец ќе ви посочи за тоа колку исхраната може да биде разновидна и јадењата да бидат вкусни дури и ако не содржат ниту еден грам месо. Покрај тоа, тие ќе ви ги споделат нивните омилени рецепти, а тоа може да ви заштеди време и енергија следниот пат кога нема да знаете што да зготвите.
Откако ги прочитавте нашите совети за намалување на потрошувачката на месо, можеби ќе сакате да прочитате и 10-те причини зошто да јадете помалку месо дури и да не сакате да бидете вегани.