Home » Совети за чување на овошјето

Совети за чување на овошјето

by Журнал.мк

Важноста на овошјето не смее да се потценува. За подолго да се сочува јаболкото најдобро е да се чуваат на студено, за да не омекнат. Во фрижидер ќе останат свежи и до неколку недели, но да се проверуваат да не се расипало некое јаболко, бидејќи доколку едно скапе ќе се расипат и останатите.

Крушите не смеат да се чуваат во пластична кеса. Лимоните и портокалите до две недели можат да стојат на собна температура. Колку помалку ги чувате во фрижидер, толку повеќе се задржуваат витамините и остануваат посочни

Бананите ќе созреат на собна температура, потоа може да се чуваат во фрижидер. Надворешноста ќе биде црна но овошјето е добро за јадење. Зрелите банани со изразена жолта боја се „овошно место„ кое го штити срцето и влијаат на снижување на крвниот притисок и на холестеролот. Бананите го отстрануваат утринскиот замор.

Кога ќе купите грозје, веднаш извадете ги оние зрна кои се расипани и омекнати. Овошјето е избор на многу витамини кои имаат антиоксидентно дејство, што го забавува процесот на стареење. Секојдневното јадење на овошје му обезбедува на огранизмот доволно минерали и витамини кои се важни за варењето.

Кога правите план за купување овошје, водете сметка за тоа дека цените на продуктите се пониски кога им е сезоната. Правилната исхрана не е секогаш и скапа.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More