Home » Состојбата со пожарите повторно се влошува

Состојбата со пожарите повторно се влошува

by Журнал.мк

„Состојбата со пожарите на отворен простор повторно се влошува. Апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни за да не предизвикаат пожар. Доколку забележат сомнително поведение молам веднаш да пријават на 112 или на некој другар, пријател или познаник кој информацијата ќе ја пренесе во МВР“, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Тој извести дека во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои активни се 5, под контрола се 3, а изгаснати се 29.

Од ЦУК информираат дека активни се пожарите во Општина Чашка – планина Мукос, м.в.Котева Круша, атар на с.Оморани (изгаснат од дожд), додека активен е према с.Степанци и м.в.Кадиица на граница помеѓу Општина Чашка и Општина Долнени гори (мешана шума).

Потоа во општина Студеничани – над с.Црвена Вода, м.в.Крста гори (ниска вегетација и нискостеблеста шума).

Активен пожар има и во општина Штип кај м.в.Јамуларци, во близина на Пенуш и воен полигон Криволак гори (нискостеблеста шума и сува трева).

Пожар е активиран и во општина Дебар 1, кај с.Татар Елевци – гори (мешана дабова шума и сува трева), како и кај депонијата во с. Могорче.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More