Состојбата со грипот и натаму алармантна. Бројот на заболени повисок во однос на мината недела за над 30 проценти. Здравствените власти постојано смируваат дека ситуацијата не е загрижувачка, но амбулантите никако да се испразнат…
За една недела безмалку 2.000 пријавени нови случаи заразени со грип или за 33 проценти повеќе новозаразени во споредба со претходните седум дена, покажа извештајот на Институтот за јавно здравје.
Освен полни амбуланти, очекувано е да се полнат и болниците- вели епидемиологот Олумчев, но простор за паника нема.
Во Клиниката во Козле, 66 деца од сите возрасти се на болничко лекување. Две се на кислородна поддршка со маска, но се во стабилна состојба. Фреквенцијата во амбулантите не се намалува.
Според податоците на ИЈЗ, најмногу заразени има во Скопје, Куманово, Кавадарци, Штип и Струмица.