Home » Состанок на тимот за интервенции во кризи на Комората на психолози со пожарникарите во Кочани кои учествувале во гасење на пожарот

Состанок на тимот за интервенции во кризи на Комората на психолози со пожарникарите во Кочани кои учествувале во гасење на пожарот

by Журнал.мк

Тимот за интервенции во кризи на Комората на психолози денеска ќе одржи состанок со пожарникарите во Кочани кои учествувале во гасење на пожарот и спасување на децата.

Досега, како што информираат од комората, ангажирани се 32 психолози за активности поврзани со последиците од пожарот во дискотеката на Кочани.

Тимот за кризни интервенции во соработка со Центарот за ментално здравје при ЦК, од раните утрински часови на 16 март беа присутни на пунктовите пред болниците 8ми септември, Ургентен центар, Градска болница каде што беа присутни голем број на семејства чии деца беа донесени на лекување. Ангажирани беа 12 психолози во три смени, кои даваа прва психолошка помош.

На денот на погребот ангажирани биле 15 психолози да присуствуваат на сите закопи во Кочани, околните села, Штип, Струмица, Скопје- ППП на семејствата кои беа дојдени на закопот, а има секојдневна работа со семејствата кои изгубиле деца во катастрофалниот пожар.

Во училиштата и факултетите, исто така, организирана е обука за ППП на 100 психолози. За таа цел, како што информираат од Комората на психолози, создаден е протокол за работа во кризни ситуации и потребни формулари.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март животот го загубија 59 лица, а околу 200 беа повредени.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk