Во Брисел денеска состанок на советот НАТО- Русија. Средбата следи по разговорите меѓу Москва и Вашингтон во Женева.
Двете страни изразија оптимизам во врска со руските барања за безбедносни гаранции од НАТО, односно дека Алијансата нема повеќе да се шири кон исток.
САД и западните сојузници имаат забелешки на распоредувањето руски трупи на границата со Украина како подготовка за можна интервенција на Москва.
Синоќа амбасадорката Џулијан Смит, постојан претставник на САД во НАТО изјави дека Алијансата нема да се врати на границите на кои се простираше од пред две децении.