Home » Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ за ситуацијата во Украина

Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ за ситуацијата во Украина

by Журнал.мк

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Брисел треба да разговараат за најновите случувања во украинскиот конфликт, по викендот на зголемени тензии во Донбас, каде имаше жртви, пријавени од двете страни, јави ДПА.

Зголемениот број на прекршувања на примирјето во источна Украина е предмет на особена загриженост, поради стравувањата дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да ги искористи борбите меѓу проруските сепаратисти и украинските владини трупи како изговор за напад врз Украина.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба треба да присуствува на заедничкиот појадок со неговите колеги од ЕУ.

Меѓу другите теми на дневен ред е и влошувањето на безбедносната ситуација во БиХ.

Министрите треба да разговараат и за безбедносната ситуација во Мали, каде што Европската унија мора да одлучи дали да ја заврши својата мисија за обука на вооружените сили на Мали по неодамнешниот воен удар.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More