Home » Соработка со Француската амбасада во насока на подобрување на правата на жените и рамноправност на половите

Соработка со Француската амбасада во насока на подобрување на правата на жените и рамноправност на половите

by Журнал.мк

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска, заедно со Лидија Петкоска, членка на Комисијата, остварија работна средба со Филип Маршето, француски заменик-амбасадор и Ирен Кетоф, аташе за соработка во Амбасадата на Франција.

Пешевска ги запозна гостите со работата на Комисијата и областите кои ги покрива истата. Притоа, спомена дека се одржуваат јавни расправи и настани, во соработка со граѓански организации и невладиниот сектор. Пешевска информира за зголеменото насилство, а причините за истото, според податоците, се дрогата, алкохолот, но најмногу психичкото растројство. Тоа е веројатно резултат на економската состојба, за што говорат податоците дека иако 51% од популацијата во земјава се жени, сепак половина од нив не се активни на пазарот на трудот, иако се поедуцирани од мажите. Пешевска истакна дека сме земја пример за носење женски права, но треба да се работи на имплементација на истите. Комисијата е посветена на едукацијата, на подигнувањето на свеста за пријавување на насилство, но тоа е еден долг макотрпен процес, на кој големо влијание има менталитетот и стереотипите.

Гостите од Француската амбасада изразија задоволство од средбата и од слоевитата слика која ја добија за жените во македонското општество. Беше истакнато дека феминистичката дипломатија е нешто што е дел од општата француска дипломатија. Во рамките на таа француска феминистичка демократија, како Амбасада имаат фокус на два елемента: внатрешен – кој се однесува на задолжителни финансирани обуки за рамноправност на половите и надворешен – за поддршка на жените во секој аспект на работењето.

Присутните беа едногласни дека одличната соработка помеѓу францускиот и македонскиот парламент, може да се прошири со заеднички проекти и настани на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Амбасадата на Франција, преку споделување искуства, законски решенија и заедничка работа со цел подобрување на правата на жените и рамноправност меѓу половите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk