Несреќата што се случи вечерва во Јагодина е само продолжение на конфликтот кој започна минатата недела. Mинатата недела дошло до тепачка во кафаната „Круг“ во населбата Стрелиште, а вечерва конфликтот кулминирал со пукање, јавуваат српските медиуми.
Познат е идентитетот на напаѓачот од Јагодина кој е во бегство. Станува збор за С.М.(47) е осудуван за повеќе кривични дела, убиство во обид, тешка кражба, семејно насилство и недозволено носење оружје, пренесува српски Мондо.
Лекарите не успеаја да го спасат животот на педесет и шестгодишниот Д.М., сопственик на кафеаната во Јагодина. Тој бил убиен од С.М. откако избила кавга во кафеаната „Круг“ во населбата Стрелиште.
Во престрелката се ранети и млад човек и девојка. Еден од гостите бил ранет во нозете, а другиот во стомакот. Полицијата сè уште трага по напаѓачот кој по злосторството побегнал. Српската полиција ги активираше антитерористичките единици САЈ.
Несреќата што се случи вечерва во Јагодина е само продолжение на конфликтот кој започна минатата недела. Mинатата недела дошло до тепачка во истата кафеана, а вечерва конфликтот кулминирал со пукање.
Сите хирурзи се поканети да дојдат во болница. Полицијата трага по насилникот кој се упатил во правец на руските гробишта. Полицијата ги блокираше местото на нападот и улицата Бранко Радичевица.
Пукањето во Јагодина кое го потресе регионот се случи само неколку дена откако во Цетиње во Црна Гора во сличен напад на 1 јануари кој започна со караница во кафеана беа убиени 12 лица, меѓу кои и две деца.