Шумските пожари изминатите години, но и дивата сеча на дрвата ги уништува белите дробови во државата. Сопствениците на приватни шуми бараат високи казни за сите вклучени во дивата сеча. Добар чекор велат е воведувањето на електронски пропусници со кои се очекува транспортот на крадените дрва да се спречи, а очекуваат и поголем надзор со дронови на шумите, посебно во летниот период. Уништувањето на шумите не е само загуба на дрвната маса и екосистемите, девастираните шуми директно влијаат на производтсвото на храна.
„Во бесправен промет одат околу 600 метри кубни дрва годишно. Тоа е огромна количина за земја како Македонија. Сопствениците на шуми се воедно и сопственици на друг земјоделски имот и се сточари. Затоа ние треба да негуваме еден поинаков светоглед и затоа е идејата да ја заштитиме малешевијата.“ – вели Соколовски.
Летово гореше Серта, гореше и малешевијата каде пред четири години изгореа над пет илјади хектари борова шума. Пожарите се погубни за дрвната маса и за шумските екосистеми. Потребни се децении за ревитализација на шумата и животните во неа. Засегнати сме сите, но посебно засегнати од пожарите и дивата сеча се сопствениците на приватни шуми
Во големите пожари во Малешевијата и Пијанец минатото лето и пред четири години за среќа немаше човечки жртви, но материјалната штета на изгорените фарми, пчеларници и други објекти се цени над 40 милиони евра.