Home » Сопругот на пратеничката Кузманоска поседува три згради од 3 милиони евра

Сопругот на пратеничката Кузманоска поседува три згради од 3 милиони евра

by Журнал.мк

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Биљана Кузманоска, во новиот анкетен лист што го достави до Државната комисија за спречување на корупција објави дека нејзиниот сопруг поседува три згради со вкупна вредност од 3 милиони евра.

Сопругот на Кузманоска ги стекнала зградите преку денационализација во Прилеп во 2017 и секоја од нив посебно вреди по 60.000.000 денари. Станува збор за градежно изградено земјиште со намена А2-2 станбено-деловни згради.

Пратеничката од Прилеп недвижнини со помала вредност. Во претходниот анкетен лист на Кузманоска имаше само една зграда од 60.000.000 денари. Таа претходно беше член на Советот на Општина Прилеп, а исто така е и прв човек на ОК на Унија на жени Прилеп.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More