Home » Сопругот на покојна СИЛВАНА огорчен на БЈЕЛОГРЛИЌ! “Ја измисли љубовта меѓу Тома и неа, ТАА БЕШЕ СРЕЌНА ЖЕНА!“

Сопругот на покојна СИЛВАНА огорчен на БЈЕЛОГРЛИЌ! “Ја измисли љубовта меѓу Тома и неа, ТАА БЕШЕ СРЕЌНА ЖЕНА!“

by Журнал.мк

Филмот за животот на покојната пејачка ги полнеше кината во претходните недели, а синоќа имаше телевизиска премиера на МТВ и на РТС. Иако јавноста во Србија е претежно воодушевена од филмот, човек кој индиректно е вклучен во филмот и чиј лик се појавува во него, Радмило Арменулиќ е разочаран од она што го видел.

Поранешниот тенисер смета дека „Тома“ е тотално промашување и дека филмот нема никаква врска со вистината.

Vecer.mk – Први во Македонија.

Posted by Вечер on Saturday, January 1, 2022

– Не го гледав Тома во кино. Слушнав разни критики и врз основа на тоа можам да кажам дека е тотално промашување. Деловите за мојата покојна сопруга се неточни. Тој дел во кој јас и Силвана сме претставени не беше прикажан на вистински начин – истакна Радмило.

Потоа го спомна режисерот Драган Бјелогрлиќ, кој не го контактирал за овој филм. Како што рече понатаму, романсата меѓу Томо Здравковиќ и Силвана била измислена.

– Да ме поканеше Бјелогрлиќ, ќе му дадов веродостојни снимки на кои се гледа дека Силвана била среќна и секогаш насмеана жена, а не тажна и сетна. Имаше црна коса, не беше русокоса. Да не зборуваме за заљубувањето и нивната измислена врска – изјавил Арменулиќ за Курир.

– Промаши Бјелогрлиќ. Во моментот кога се венчавме двајцата, имав мизерна плата, а бев претставен како богат. Не знам што точно би рекол, но тоа што го слушам не соодветствува со вистината – објасни Арменулиќ.

Vecer.mk – Први во Македонија.

Posted by Вечер on Saturday, January 1, 2022

Арменулиќ потврди дека добил покана за премиера, но не се појавил од безбедносни причини.

– Поради моменталната епидемиолошка ситуација не можев да дојдам на премиерата – изјави поранешниот тенисер.

Vecer.mk – Први во Македонија.

Posted by Вечер on Saturday, January 1, 2022

Тој беше прашан и за реакцијата на неговата ќерка Гордана, за тоа како нејзината мајка е претставена во филмот.

– Таа не ми кажа ништо. Силвана беше грижлива мајка, а како сопруга и пријателка беше нежна, грижлива и благодарна – изјави Арменулиќ.

Радмило и Силвана се венчаа на 26 октомври 1961 година, без знаење на нивните родители.

По склопување на бракот во општината отишле во кафаната „Видин капија“, а после тоа Радмило ја однел сопругата во станот на родителите.

Дотогаш ја криел бидејќи како единствен од белградската куќа се плашел дека неговите родители нема да ја примат пејачката на кафеана за снаа.

Но, тие само му замериле што сето тоа им го криел, што не им ја претставил порано и што не ги поканил на свадба.

Првите години од бракот на Силвана изгледаа како од бајка.

Во 1964 година ја добија ќерката Гордана. Исто така, на Силвана и било исклучително важно што сопругот не ја замолил да престане да пее во кафеани.

Пејачката загина на 10 октомври 1976 година во сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш, кај Колари, додека се враќала од концерт во Александровац.

Со неа тогаш починале и нејзината сестра Мирјана Барјактаревиќ и виолинистот Раде Јашаревиќ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk