Кичево, 28 декември- На 26.12.2019 во 18.10 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на с.Ново Село, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген поло“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(55) од с.Доброште и патничко возило „фолксваген пасат“, со струшки регистарски ознаки, управувано од В.Ж.(23) од с.Велешта.
Во незгодата Ф.Д. и малолетен сопатник од истото возило се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.
Сообраќајна несреќа во близина на с.Ново Село | opserver.mk