5 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Сообраќајка во тетовско, загина жител на Брвеница

Најчитани вести

Тетово, 25 декември- Шеесет и тригодишен жител на тетовска Брвеница им подлегнал на повредите во тетовската болница по сообраќајна несреќа која што се случила на локалниот пат Брвеница-Волковија.

Сообраќајната несреќа, како што објави МИА, се случила вчера околу 17.35 часот.

„Во сообраќајната несреќа учествувале автобус на претријатие за превоз на патници од Тетово управувано од 50-годишниот М.Ш од Теново и 63-годишниот Б.Б кој се движел на велосипед. При несреќата велосипедистот здобил тешки телесни повреди, поради кои половина час подоцна починал во тетовската клиничка болница“, информираат од Секторот за внатрешни работи во Тетово.

Увид на местото на сообраќајната несреќа извршиле екипи на обвинителството и полицијата. Отворена е истрага со цел да се утврдат причините за сообраќајната несреќа.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести