Home » Сообраќаен хаос кај Гостивар: „Стража“ целосно блокирана, граѓаните револтирани

Сообраќаен хаос кај Гостивар: „Стража“ целосно блокирана, граѓаните револтирани

by Журнал.мк

Голем сообраќаен застој се создаде денеска на семафорот кај „Стража“ во близина на Гостивар, каде што возачите чекаат најмалку 40 минути за да го поминат овој дел од патот. Иако семафорот покажува зелено светло, движењето е речиси невозможно бидејќи веднаш по семафорот се изведуваат градежни работи и сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

Ситуацијата дополнително се влошува бидејќи околу 5 километри по семафорот, во правец кон Кичево, има превртено возило на покрив, што предизвикува нов застој и уште поголемо незадоволство кај возачите.

Овој сообраќаен хаос се случува токму на почетокот на летната сезона, кога илјадници граѓани патуваат кон нашата најголема туристичка дестинација Охрид, а викендов е продолжен поради православните Духовски Задушници и муслиманскиот празник Курбан Бајрам.

Зголемениот број возила и празничниот метеж ја прават „Стража“ практично непроодна, а граѓаните се изреволтирани поради долгото чекање и лошата организација на сообраќајот.

„Се чека повеќе од 40 минути на семафор, а потоа уште еден застој поради сообраќајка. Ова е недозволиво, особено во празнични денови кога сите патуваме“, велат возачи кои се затекнаа во метежот. Испраќаат апел до надлежните институции за подобра координација и навремено информирање на граѓаните, особено во периоди со зголемен сообраќај и празници.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk