94
Сообраќајна несреќа се случи пред малку во населбата Аеродром на улицата Васко Карангелески.
Амбулантско комби удрило во патнички автомобил кој по ударот се превртел.
Засега нема информации за повредени лица.
Оваа улица беше неодамна реконструирана, а дел од неа е црна точка каде веќе се имаат случено неколку судари на оваа сообраќајница.