Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа во близина на с.Зајас, на магистрален пат А2, Кичево-Гостивар.
Првичните информации се дека станува збор за тешка сообраќајка и има зголемен сообраќаен метеж.
Излезени на терен се ОВР Кичево и екипи на Медицинскиот центар Кичево, ТППЕ Кичево исто така се упатени дополнително на терен.
За учесниците и нивното здравје, подетални информации немаме, да се надеваме дека нема фатални последици.
* Неофицијално причинета е голема материјална штета, а учесници биле три возила.
Повеќе детали очекуваме во текот на утрешниот ден од СВР Охрид.