Home » Сообраќајка на автобус со кинески туристи – едно лице загина

Сообраќајка на автобус со кинески туристи – едно лице загина

by Журнал.мк

Во несреќа во автобус со туристи, за кои италијанските медиуми јавуваат дека се кинески државјани, едно лице загина, а 15 се повредени на автопатот меѓу Рим и Фиренца, соопштија пожарникарите.

Несреќата се случила во близина на градот Арецо, а учествувал автобус со 25 туристи, се вели во соопштението на пожарникарите на мрежата Х.

Сликите на социјалните мрежи покажуваат дека автобусот удрил во заштитна ограда и дека шофершајбната му е уништена.

Според весникот „Кориере дела сера“, туристите се кинески државјани и патувале кон Фиренца.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More