11 C
Skopje
Wednesday, March 3, 2021

Sony Xperia Pro ќе биде претставен една година по најавата

Најчитани вести

Изгледа дека Sony конечно е подготвен на пазарот да го лансира Xperia Pro телефонот, кој беше најавен со Xperia 1 II моделот во февруари минатата година. Xperia 1 II се појави на пазарот неколку месеци подоцна, додека од Xperia Pro моделот немаше ни трага ни глас.

Тоа изгледа ќе се промени, бидејќи серверите на Sony почнаа да складираат firmware фајлови за Xperia Pro. Ова е знак дека наскоро се очекува и маркетиншката достапност на уредот. Xperia Pro се очекува само во САД, бидејќи има поддршка за mmWave 5G, кој и натаму е распространет на тој пазар.

Покрај тоа, познато е дека Sony Xperia Pro има доделено копче како кратенка за покренување на било која апликација, дизајн на антената од 360 степени, HDMI micro конектор и поотпорно куќиште и финиш на задниот дел.

Фирмверот на Sony серверите е заснован на Android 10 и има безбедносна закрпа за септември 2020. година.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести