Високиот тело-дисплеј сооднос е она што го прави Sony Xperia 10 поуникатен и различен од останатите телефони на пазарот. Но, неговите генерични спецификации не се толку привлечни за корисниците. Со Xperia 20, работите ќе се променат:
Според новите информации, Xperia 20 ќе доаѓа со големи промени во внатрешноста. Поспецифично, Snapdragon 630 кој се наоѓа во внатрешноста на Xperia 10 ќе биде заменет со помоќниот Snapdragon 710. Се разбира, новиот процесор ќе биде придружен и со повеќе меморија – 6GB RAM и 128GB меморија.
Исто како неговиот претходник, Xperia 20 ќе има 6 инчен дисплеј со висок 21:9 тело-дисплеј сооднос и резолуција од 1080 x 2520 пиксели. На предната страна ќе се наоѓа една, а на задната страна ќе се наоѓаат две камери.
Претставувањето на Xperia 20 го очекуваме во септември, додека смартфонот официјално ќе биде достапен од октмоври./gsm.mk