8 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Sony Alpha 1 објавен со 50MP сензор и 8К снимање (ВИДЕО)

Најчитани вести

Sony линијата на full-frame mirrorlessфото-апарати се состои од А7 и А9 сериите, каде што А9 е повеќе наменет за професионалци и е опремен со функции што ги нема А7. Меѓутоа, Sony сега оди чекор понатаму и го претстави Sony Alpha 1 (A1) моделот.

Станува збор за фото-апарат без огледало, со кој Sony дефинитивно цели поинаква публика во однос на А7 и А9 сериите. А1 користи 50MP Exmor RS CMOS сензор, заедно со Sony Bionz XR процесор за обработка на сликата. Сензорот може да постигне 30 фрејма во секунда, а способен е и да снима 8K видео @30fps.

Sony тврди дека Alpha 1 го користи првиот 240HzHz OLED електронски viewfinder во светот, што значи дека корисниците ќе уживаат во флуидното искуство, заедно со 0.9X видното поле на прегледм што е речиси двојно зголемено во однос на A7S III.

Другите карактеристики на Sony Alpha 1 (A1) моделот вклучуваат два слота за SD UHS II или CFexpress картички, целосен HDMI порт, конектори за микрофон и слушалки, 10Gbps USB 3.2 конекција и гигабит Ethernet порт.

Кога станува збор за цената и достапноста, Sony Alpha 1 без сомнение е во премиум сегментот со цена од 6.500 долари за тело без објектив, а испораката се очекува да почне на 25 февруари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести