-4.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Sony ова лето ги затворa дигиталните продавници за PS3, PSP и VIta

Најчитани вести

Компанијата Sony објави дека од ова лето сопствениците на PlayStation, Vita и PSP конзолите нема да можат да купуваат нови игри и медиумска содржини преку дигиталните продавници.

Sony потврди дека има намера да ја затвори PlayStation Store за PS3 и PSP на 2 јули, додека корисниците на Vita ќе го изгубат пристапот до продавницата на 27 август.

Оние кои ги поседуваат конзолите, и натаму ќе можат да ги преземаат и играат претходно купените игри и да ја користат видео содржината преку листата за преземање на овие уреди. Покрај тоа, ќе можат да користат и ваучери.

По истекот на споменатите рокови, новите игри нема да можат да се купуваат, ниту каква било друга содржина. Исто така, нема да биде можно да се повлечат средства од PSN паричникот на PS3, PSP или Vita по 2 јули, односно 27 август.

Sony оваа одлука ја донесе со цел своите ресурси за PlayStation Store да ги насочи на конзолите PlayStation 4 и PlayStation 5 и со тоа да го подобри корисничкото искуство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com