19 C
Skopje
Monday, May 10, 2021

Sony го лансираше Xperia Pro по астрономска цена од 2.500 долари

Најчитани вести

Sony конечно го промовираше својот најнов смартфон Sony Xperia Pro, а астрономската цена укажува на тоа дека не се работи за обичен телефон – имено, може да служи и како додаток за камерата што би можел да им биде корисен на креаторите на содржини.

Xperia Pro на површината не изгледа многу поразлично од стандардните премиум уреди на пазарот, но сепак една опција го одвојува од другите. Станува збор за функционалноста што ја обезбедува HDMI портот, благодарение на кој новиот телефон може да се поврзе со Sony Alpha и други моќни фотоапарати што имаат HDMI влез. Xperia Pro може да послужи и како надворешен дисплеј кога се снима видео, бидејќи прединсталираниот софтвер ви овозможува да ги прилагодувате опциите за квалитетот на сликата. Телефонот може да снима и самостојно, бидејќи на задната камера има три камери од 12 мегапиксели, и создава 4K HDR снимки на 24, 30, 60 и 120fps.

Што се однесува до другите елементи, Xperia Pro има 6,5-инчен 4K OLED дисплеј (21:9 формат), процесор Snapdragon 865 5G и батерија од 4,000mAh. Се работи за првиот телефон на Sony со 5G можности, и пружа поддршка за Sub-6GHz и mmWave мрежи. Овој уред може да им биде од корист на оние кои добро заработуваат на снимањето видео содржини, но Sony предупредува дека најдобро работи со Alpha камерите и дека може да се случи да биде некомпатибилен со уредите од други производители.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести