25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Sony влегува на пазарот на дронови, претставен моделот Airpeak (ВИДЕО)

Најчитани вести

Компанијата Sony влегува на пазарот на беспилотни летака и на CES 2021 саемот го објави својот дрон Airpeak.

Airpeak е најмалиот дрон што може да ја носи Sony Alpha камерата дизајнирана за создавање видео содржини и професионално фотографирање.

Засега нема многу информации за дронот, но Sony соопшти дека се истражува употребата на беспилотни летала за снимање пејзажи и градови. Airpeak е прикажан како го снима концептниот Vision-S автомобил во движење.

Дронот има дизајн на квадрикоптер и поседува опрема за слетување што се вовлекува во текот на летот, или се извлекува при слетувањето.

Иако Sony претходно не произведуваше беспилотни летала, неговите камери се меѓу најдобрите во индустријата. Дури и водечката светска компанија во светот на дроновите DJI нуди носачи за Sony Alpha уредите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести