Home » Сонцето го емитуваше најсилниот блесок во 2025 година

Сонцето го емитуваше најсилниот блесок во 2025 година

by Lina Muslija

На 14 мај 2025 година на површината на Сонцето се случи најмоќната сончева ерупција за оваа година, објави НАСА.

Активната сончева дамка, означена AR 4087, изби од лево-источната страна на Сонцето, ослободувајќи моќен блесок од класата X2.7 кој го достигна врвот во 08:25 UTC.

Блесокот на Х-зраци и гама зраци беше доволно силен за да предизвика краткотрајни радио-прекини на осветлената страна на Земјата, но според американската Национална океанска и атмосферска администрација (NOAA), нема да има дополнителни последици за нашата планета.

Сончевите блесоци и короналните масовни исфрлања (CME) се вообичаени појави за време на најактивната фаза од единаесетгодишниот соларен циклус, во кој се наоѓаме во моментов. Досега, најсилната ерупција во овој циклус беше блесокот од класата X9.0, снимен во октомври 2024 година, пишува Science alert.

Сончевиот одблесок се јавува како експлозивно ослободување на енергија кога магнетните линии на површината на Сонцето наеднаш се „скршат“ и повторно се поврзуваат. CME, од друга страна, претставува еден вид „кивање“ на Сонцето – исфрлање на милијарди тони наелектризирани честички во вселената, заедно со сложените магнетни полиња.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk