Home » Сончогледот се враќа на македонските ниви – субвенционирањето зголемено

Сончогледот се враќа на македонските ниви – субвенционирањето зголемено

by Журнал.мк

Земјоделците во Овчеполскиот регион ги подготвуваат површините за сончоглед, a кој пополека се враќа на македонските ниви. Причина за тоа е зголеменото субвенционирање, како и усовршената агротехника оценува универзитетскиот професор на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Љупчо Михајлов. Тој истакна дека земјоделците од Овчеполскиот регион ги прифатија и советите за порано сеење на сончогледот.

-Конкретно за сончогледот е важно уште во почетокот на март да се насее, за да го развие кореновиот систем на поголема длабочина, во почетните фази од развојот. Понатаму и да настапат пролетни суши, да не страда за вода. Значи да се обезбеди моќност на растението со продлабочениот коренов систем, за да поголема длабочина од почвата да ја црпе водата, вели Михајлов.

Тој потенцира дека како идеја за останатите маслодајни култури, кои со успех можат да се одгледуваат во Овчеполскиот регион е пред се ленот. Михајлов посочува дека ленот може да се одгледува на поголеми површини, а исто така и маслодајната репка.

-Постојат добри хибриди и на сончоглед и на маслодајна репка. Така да генерално може да се каже дека се зголемуваат површините со маслодајни култури, вели Михајлов.

Тој додава дека колку и да се зголемат површините под сончоглед тешко е да се задоволат потребите за производство на сурово масло или готов производ масло за јадење.

-Гледаме на рахтовите во супер маркетите има масло за јадење од различни држави, пред се увоз на масло за јадење од Србија. Но, добро е тоа што се најде слух од страна на државата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои водат добри земјоделски политики за да се зголеми и се повеќе се зголемува субвенцинирањето на одгледувањето на сончоглед, изјави Михајлов.

Според него добро е што субвенционирањето за сончогледот се поврзува со добиен принос и не е само насеана површина по хектар.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk