Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Рафаел ван дер Варт по крајот на играчката кариера остана на „големите екрани“, но како стручен телевизиски коментатор кој со своите коментари предизвикува лавина на реакции во јавноста.
Таква е и неговата последна изјава поврзана со големите шпански ривали Реал Мадрид и Барселона.
„Реал е клуб за кој секој фудбалер сонува да игра. Не знам зошто е тоа така, но повеќе фудбалери сакаат да играат за Реал отколку да кажеме за Барселона. Секој фудбалер на светот го сака тоа. Па и фудбалерите на Барселона сакаат да играат за Реал Мадрид. Сигурен сум во тоа“, порача Холанѓанецот.
Овој коментар на Ван дер Варт кој две години настапуваше за Реал Мадрид предизвика лавина на реакции, првенствено на социјалните мрежи каде е мета на каталонските кои го потсетија дека додека тој настапуваше за мадридскиот клуб, доминираше Барселона па не освои ниту еден голем трофеј.