Home » Солун и островите Скијатос, Скопелос и Алонисос се поврзаа со бродска линија

Солун и островите Скијатос, Скопелос и Алонисос се поврзаа со бродска линија

by Lina Muslija

Меѓу 36,70 и 115,20 евра по патник во еден правец чини билетот за траектот од Солун до Скијатос, Скопелос и Алонисос, цена што сменува во зависност од категоријата на билетот и изборот на островот, а бродската линија од денеска одново е во функција и е воведена за летниот период, јави дописничката на МИА од Атина.

Првиот траект од Солун за северните Споради тргна утрово, планирано е да сообраќа три до четири пати седмично и линијата да работи до средината на септември.

Доколку се анализираат цените на официјалниот сајт на компанијата, за Скијатос билетот за патниците во еден правец е меѓу 36,70 и 113,30 евра, а за автомобил 83,30 евра додека патувањето трае три часа и 10 минути.

За островот Скопелос, патувањето е за 40 минути подолго, билетот е од 40,30 до 115,20 евра, а за автомобил 98,40 евра.

Од Солун до Алонисос картата за траект е од 48 до 115,20 евра за патниците и 107,10 евра за автомобилите, а патувањето трае четири часа и 15 минути.

Според солунските медиуми цените оваа година се идентични како и лани.

Градоначалникот на Скијатос Тодорис Ѕумас минатиот месец преку социјалните мрежи информираше дека „по неколкумесечни напори, одобрено е финансирање на морското поврзување помеѓу Солун и северните Споради“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk